среда, 18 ноември 2026
Најново

Рогозин и се заканува на Бугарија со ракетата „Сармат“. Таа не бара дозвола за прелет. Каква е состојбата со Македонија?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Причина за неговата изјава на Твитер беше одбивањето на бугарската страна да дозволи летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Србија, поради што посетата беше откажана. Рогозин напиша дека Сармат нема да бара дозвола.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Што го прави Сармат добар? Нема да бара дозвола да прелета од кукавичките Бугари, злобните Романци и Црногорците кои ја предадоа нашата заедничка историја. И од некои Швеѓани таму“, се вели во соопштението на Рогозин.
Димитриј Рогозин
https://twitter.com/Rogozin/status/1533530946992951296

Што го прави Сармат добар? Нема да бара дозвола да прелета од кукавичките Бугари, злобните Романци и Црногорците кои ја предадоа нашата заедничка историја. И од некои Швеѓани таму“, се вели во соопштението на Рогозин.

Под неговата порака, некои од поприсебните корисници го предупредуваат да ја смири својата ревност и да одговори на прашањето зошто руската дипломатија ја загуби Бугарија.

Тој со години е познат по бројните контроверзни изјави. За време и по Втората чеченска војна, Рогозин имаше долг конфликт со генералниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон.

Набргу по анексијата на Крим, кога неговиот лет за Придњестровје беше откажан, тој рече дека потоа ќе лета таму со суперсоничниот стратешки бомбардер Ту-160.

Поврзани вести