Тинејџерка од Тексас родена во затвор се запиша на Харвард
Тинејџерка од Тексас која се роди во затвор доби полна стипендија за Харвард, а нејзината менторка објаснува како успеала да ги оствари своите соништа.
18-годишната Ски Кастнер во четвртокот дипломираше како една од најдобрите во својата генерација во училиштето.
Нејзиниот ментор Мона Хамби ја пофали што успеа да ја постигне својата цел и да се запише на Харвард иако беше родена во сиромашна средина.
Тинејџерката е родена во затворот во округот Галвестон каде нејзината мајка беше затворена во тоа време.
Целиот свет и се восхитува на тинејџерката од Тексас која е родена во затвор и која успеа да добие целосна стипендија за Харвард.