Родените во лудата марта – оптимисти и лидери

Главната карастеристика на луѓето родени во третиот месец од годината, или во лудата марта е силната харизма. Тие се љубезни и секогаш сакаат да им помагаат на другите, но само ако ја добијат почитта што мислат дека ја заслужуваат. Сензуални се и романтични, но веруваат дека за вистинската љубов треба самите да се изборат, а не да ја чекаат.
Имаат силна интуиција, се карактеризираат со креативност, многу се интелигентни и поседуваат лидерски вештини. Според едно од многуте направени истражувања, најголем дел од луѓето на раководни позици се родени во март.
Оптимисти се кои секогаш веруваат во добрите нешта, и не поднесуваат да бидат покрај луѓе кои постојано се жалат и никогаш не би сакале таков партнер или пријател до себе. Тие секогаш се борат за тоа што го сакаат и веруваат дека само со позитивен пристап можат да го постигнат тоа.
Кога ќе засакаат нешто или некого многу се посветени на тоа. Можат да поминат денови и ноќи посветувајќи се на една работа. Често знаат да бидат гласни, освен кога се посветени на нешто. Тогаш сакаат да се сами и да се посветат на тишината. Иако не делуваат така, тие често се интровертни личности кои многу размислуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: