Роден е без раце, а работи како фризер

Габриел Хередија од Буенос Аирес е роден без раце, а работи како фризер. Неговите верни муштерии велат дека никој не го може она што тој го може.
Да се биде роден и да се живее со одреден хендикеп е доста тешко и ретко кој тоа може да го разбере освен ако не е во слична состојба тој или не е некој негов близок.
Од безобразните коментари на врсниците во текот на школувањето, па до проблемите кои настануваат подоцна, како неможноста да се занимаваат со одредени работи.
Габриел Хередија е роден без рака, но тоа не го спречило да го работи она што го сака. Тој е еден од најпознатите фризери во Буенос Аирес.

Со таа работа почнал да се занимава затоа што израснал со мајка која е фризерка. Да шиша сам почнал пред осум години служејќи се со алатот на мајка му.
Габриел вели дека често од љубопитност ја земал машинката и едноставно почнувал да шиша, што се допаднало. Познатиот Аргентинец вели дека е благодарен што е роден со хендикеп, затоа што не си поставува граници.
Има доверба од бројните муштерии кои секогаш му доаѓаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.