Родила две двојки еднојајчани близнаци

Треса Монталво (36) од Тексас, на Св.Валентин родила две двојки еднојајчани близнаци,објави болницата во Хјустон.

Раѓањето на две двојки еднојајчани близнаци се случува еднаш на 70 милиони породувања, објави болницата. Треса
 Монталво четирите момчиња ги родила со царски рез, а таа и сопругот не користеле никакви методи за потпомогнато оплодување.
Монталво во десеттата недела од бременоста дознала дека носи близнаци. На следниот преглед лекарот и рекол дека гледа трето и четврто отчукување на срце, и ја известил дека не носи четворка, туку два пати по два еднојајчани близнаци.
 Првата двојка Ејс и Блејн (Ace и Blaine), родени се со 1,64 и 1,79 кг тежина, а втората двојка, Кеш и Дилан (Cash и Dylan), родени се по две минути со тежина од 1,33 и 1,53 кг. Сите момчиња се живи и здрави.
 Брачната двојка Монталво веќе имаат еден син, деветгодишниот Мемфис. Велат дека нема да сопрат тука, по пет синови ќе се потрудат да добијат и девојче.
Макфакс
Треса Монталво (36) од Тексас, на Св.Валентин родила две двојки еднојајчани близнаци,објави болницата во Хјустон.

Пронајдете не на следниве мрежи: