Родителите на малолетниот убиец од Белград осудени на 14,5 и 3 години затвор

Таткото на Коста е осуден поради несоодветно чување на оружјето во својот стан а заедно со Миљана, прогласени се за виновни и за кривичното дело, злоставување и занемарување на малолетно дете.

Обвинетиот Владимир Кецманови е осуден на единствена затворска казна од 14 години и 6 месеци а Миљана Кецмановиќ на затвор во траење од 3 години. Инструкторот по стрелаштво, поради лажно сведочење, доби 1 година и 3 месеци.

„Нема казна што ќе èе помири во овој живот“, велат ужалените од масовното убиство во белградското училиште.

Кецмановиќ имаат и друго дете, малолетна ќерка. На безбедно е, но никој не знае каде е и што ќе биде со неа сега, кога родителите се пратени во затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи: