вторник, 24 ноември 2026
Најново

Родители го тужат „Chat GPT“: Ја поддржувал нивната ќерка во идеите дека е видовита, потоа ја охрабрил и да се самоубие

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови.

Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја навела на самоубиство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според добиените информации од Судот во Калифорнија, односот меѓу Медисон и „Чет-ГПТ“ започнал во 2024 година за секојдневни задачи, но подоцна се зацврстил. Таа почнала да му се обраќа со љубов, зборувајќи му за своите психолошки трауми, очекувајќи емоционална поддршка и соодветна помош.

„Медисон почна да губи контрола и западна во длабока ментална криза. Таа поверува дека поседува натприродни моќи и дека е дојдена да исполни посебна мисија, по што четботот ја охрабрувал велејќи ѝ дека е видовита, пророчица и митско суштество, се наведува во тужбата

Семејството тврди дека нејзиниот личен живот започнал целосно да се распаѓа поради овие заблуди. Таа се изолирала од семејството и пријателите, го изгубила работното место, а во април 2025 година била хоспитализирана поради психичка криза и самоповредување. Според нив, четботот продолжил да ги поддржува нејзините сè поизразени религиозни заблуди дури и откако таа го информирала дека била во болница. Денови пред трагедијата тој ја охрабрил да се самоубие.

Овој случај е само еден од многуте правни постапки во кои се тврди дека интензивната интеракција со „Чет-ГПТ“ им нанела сериозна психолошка штета на корисниците, па и со смртни последици.

Компанијата „Опен-АИ“ останува воздржана во врска со случајот.

Поврзани вести