21-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго на социјалните мрежи сподели дека е татко на близнаци и ги изненади навивачите.
Родриго, кој во јануари ќе наполни 22 години, пријатно ги изненади навивачите откако на социјалните мрежи сподели дека е татко на близнаци.
Како што пишуваат медиумите децата се родени на почетокот од годината, Родриго во прв момент не верувал дека тие се негови, но подоцна во судска постапка било докажано дека тој е таткото и треба да плаќа алиментација.
Покрај тоа што навивачите беа зачудени од објавата на Родриго, многумина најдоа и причина за мајтап.