Розга ја откри тајната на својот изглед: „Никогаш не пијам алкохол, тоа е најважно“

Каде и да се појави, Јелена Розга привлекува внимание, а сега проговори и за своите прехранбени навики. Таа откри што е најзаслужно за нејзиниот младешки изглед.

„Отсекогаш внимавав колку и што јадам, што ставам во телото. Моето семејство е од Далмација и секогаш дома јадев главно риба, што повеќе зеленчук од нашето село, од Близна, домашно маслиново масло, и последниве неколку години од кога имам големи проблеми со тироидната жлезда, исфрлив глутен и лактоза и секакви работи и што е најважно, не пијам алкохол, никогаш во животот не сум пиелс“, изјави пејачката за In магазин.

И претходно Јелена беше испрашувана за нејзиниот изглед.

„Сè е можно без операција, без претерување. Ова е доказ дека се е можно со добра грижа, со малку здрав живот, многу сон и што е можно помала иритација. Не ми е тешко да одолеам на трендовите кои се присутни денес затоа што знам што сакам“, истакна таа во друга прилика.

Пронајдете не на следниве мрежи: