Рокот за продажба на TikTok истекува оваа недела, а Amazon наводно покажува интерес

Фото: Shutterstock.com По одложувањето на TikTok забраната која беше планирана да започне во јануари, врз основа на закон од минатата година, немаше многу новости околу иднината на оваа апликација во САД. Одложувањето подигна прашања за тоа дали може да се направи само со извршна наредба од претседателот, но истото беше спроведено и прифатено. Оваа одлука според законот можеше да важи 75 дена, период во кој требаше да се договори продажбата на апликацијата. Тој рок истекува на 5 април, а до сега немаше вести за напредок во договорите за продажба на TikTok. Oracle и Perplexity AI беа меѓу заинтересираните купувачи, а се спомна и дека Microsoft повторно влегол во трката. Неколку други компании и личности исто така се изразија заинтересираност, но ByteDance, компанијата која го поседува TikTok, цело време изјавува дека не планираат да ја продадат апликацијата. Според The New York Times, дури и Amazon покажала интерес за купување, иако некои мислат дека оваа понуда не била сериозна. Последниве недели слушнавме за TikTok и во интервјуата на американскиот потпретседател, а исто така се појавија вести дека Трамп ја вклучил апликацијата како дел од преговорите за царините со Кина. Наскоро ќе биде неопходно да се постигне некое решение, инаку TikTok ќе биде забранет во САД, што е пазар кој е премногу голем за да се дозволи тоа да се случи.
The post Рокот за продажба на TikTok истекува оваа недела, а Amazon наводно покажува интерес appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: