Организаторите на Ролан Гарос, вториот тениски Грен слем, чии домаќин е Париз, сериозно размислуваат да го сменат системот со кој се одредува ’костурот’ за мечевите на турнирот.
Имено, според моменталниот пласман на тенисерите на АТП листата, можно е во четвртфиналето на турнирот да се сретнат Новак Ѓоковиќ кој е број 1 на листата и Рафаел Надал кој по поразот во финалето на турнирот во Монте Карло се наоѓа на петтата позиција на листата. „Да, можно е да ги смениме правилата со кои се одредува ’костурот’, тоа ни го дозволува правилникот на турнирот. Мое лично мислење е дека жално би било во четвртфиналето да се сретнат Ѓоковиќ и Надал. До сега не ја користевме можноста за промена на правилата, но до почеток на турнирот ќе ја разгледаме таа можност“, изјавил за „Лекип“ директорот на Ролан Гарос, Гај Горге. Ролан Гарос годинава ќе се одржува од 26.мај до 9.јуни, титулата освоена минатата година ќе ја брани Надал.
Макфакс
Организаторите на Ролан Гарос, вториот тениски Грен слем, чии домаќин е Париз, сериозно размис