Ролат од мисиркино месо

Потребни состојки:
900 г мисиркино месо
1 лажичка вегета
Половина лажичка вегета
Половина лажичка сол
50 г путер
50 мл бело вино
За фил
50 г путер
100 г кромид
50 г презла
30 г чистени ф’стаци
50 мл сок од лимон
3 лажици сечкан магдонос
50 мл вода
Начин на подготовка:
Растопете путер, додајте го кромидот исечкан на коцки и пропржете. Тргнете од оган, додајте презла, сечкани ф’стаци, додајте сок од лимон, магдонос, вода и промешајте.
Направете шницли од месото. Посолете го со вегета, сол, додајте бибер и премачкајте го целото месо. Направете ролат, врзете со конец и ставете го во тава. Прелијте со растопениот путер, вино и печете 45 минути на 200 степени. Откако ќе се испече ролатот, исечете го конецот, оставете го да отстои 10 минути и исечете. Послужете со печени компири.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.