Премиерката на Романија, Виорика Данчила ги најавува строгите мерки по случајот со 15- годишното девојче, кое беше киднапирано, силувано и убиено, а полицијата нејзините повици за помош не ги сфатила сериозно.
Александра Машечану беше убиена на 24 јули, а случајот откри многу недостатоци во романскиот полициски и правосуден систем. Убиецот , 65 годишен возач призна дека ја убил Александра , како и уште една 18 годишна девојка, која исчезнала во април.
“Нулта толеранција за недостиг на човечност и непочитување на граѓаните” , рече премиерката , најавувајќи ги законските измени.
Осудените педофили и силувачи сега се казнуваат со 7 односно 12 години затвор , а може да добијат максимална казна од 18 години, доколку ја убијат жртвата.
Несреќната Александра дури три пати ја повикала полицијата, им објаснила каде е однесена и дека ќе ја убие возачот. На полицајците им биле потребни дури 19 часа за да ја лоцираат, но веќе било предоцна. Нашле само остатоци од нејзиното запалено тело.
Заради овој случај оставки си поднесоа министерите за образование и за внатрешни работи, а шефот на полицијата и други лица кои не реагирале на време добија отказ.