Романскиот премиер заминува во самоизолација, имал контакт со заразен сенатор

Вршителот на должноста романски премиер Лудовик Орбан денеска соопшти дека заминува во самоизолација бидејќи бил во контакт со сенаторот Вергил Читаку, кој бил позитивен на коронавирус.
Двајцата вчера учествувале на состанокот на Постојаното национално биро на Национално-либералната партија, пренесе агенцијата Аџерпрес.
Орбан кажа дека ќе биде во самоизолација и дека нема да учествува на консултациите со претседателот Клаус Јоханес за именување на нов мандатар за премиер.
Орбан додаде дека сите членови на Постојаното национално биро на Национално-либералната партија ќе бидат во самоизолација во своите домови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.