Рускиот милијардер Роман Абрамович доби забрана за престој во Велика Британија, пишуваат британските таблоиди.
Сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а извори од Британија велат дека тој никогаш нема да смее да се врати таму.
Имиграциониот оддел наводно добил насоки да му забранат на Абрамович да се врати во неговата вила во близина на палатата Кенсингтон, која ја платил 125 милиони фунти. На неговиот случај работи специјална имиграциона единица.
Абрамович е еден од 35-те руски олигарси во Англија. Во 2018 година стана државјанин на Израел што му помогна да влезе во Британија на шест месеци. Неговото богатство се проценува на 8,4 милијади фунри.
Неговиот имот вклучува недвижнини, серија суперјахти, како и систем за детекција на проектили. Тј никогаш не додил британско државјанство.
Челси го купи во 2003 година како просечен англиски првологаш. Од него направи еден од најуспешните фудбалски клубови на 21 век.