Георгина Родригес на својот Instagram профил објави фотографија на која Роналдо позира со нивната ќерка Бела Есмералда.
„Бела Есмералда. Тој силен и нежен поглед што ти го даде Бог… Те сакам”, напиша Георгина во објавата што собра над шест милиони лајкови.
„Цела е на тато. Љубов моја“, додаде Роналдо во коментар.
Да потсетиме, во октомври 2021 година, Георгина и Роналдо открија дека чекаат близнаци, но нивниот син почина за време на породувањето на 18 април, додека нивната ќерка Бела Есмералда преживеа. Двојката ја има и ќерката Алана, додека Кристијано го има синот Кристијано Џуниор и близнаците Ева и Матео, кои ги доби со сурогат мајки.
„Оваа година беше најкомплицирана во мојот живот, најсреќниот момент стана најтажен. Тоа е нешто што ќе ме следи до крајот на мојот живот и што нема да можеме да го заборавиме”, изјави Георгина во интервју, зборувајќи за смртта на нејзиниот син.