Роналдо и на вториот официјален меч не даде гол, Ал Наср испадна од куп

Ал Наср со 3-1 загуби на гостувањето кај Ал Итихад во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо не успеа да постигне гол.

Роналдо одигра два официјални натпревари за Ал Наср, но навивачите ќе почекаат на неговиот деби гол. Португалецот денеска го одигра целиот меч, но не постигна погодок.

Ал Итихад со 3-1 го победи Ал Наср и го елиминираше тимот на Роналдо во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија.

Пронајдете не на следниве мрежи: