Роналдо му завиде на Леброн: И тој сака да игра со својот син па да се пензионира

Кристијано Роналдо на 39-годишна возраст се наближува на крајот на својата блескава кариера, но и покрај тоа што зад своето име има 1231 настап и 895 постигнати голови се уште е непознато кога ќе замине во пензија.

Неговиот договор со саудискиот Ал Наср важи до крајот на следната сезона, а некогашниот познат романски репрезентативен напаѓач Адриан Муту тврди дека знае која е целта на Роналдо. Според неговото мислење тој сака да тргне по примерот на Леброн Џејмс и да заигра заедно со својот син, Роналдо Јуниор кој тренира во младинската школа на Ал Наср.

Роналдо Јуниор неодамна наполни 14 години и му се потребни уште најмалку две се за може да игра во сениорите што е целта и на Роналдо по што тој ќе замине во пензија и славата ќе ја остави на неговиот најстар син.

„Тоа е неговата мотивација, сака да одигра натпревар со својот син затоа не престанува. Да е во некој друг клуб како пример Реал Мадрид тоа би било многу тешко, но во Ал Наср тоа е возможно. Не е невозможно тие да играат заедно“, вели Муту.

Пронајдете не на следниве мрежи: