Кристијано Роналдо во разговор за португалската телевизија ТВИ зборуваше за својата иднина.
Роналдо веќе повеќе од деценија е еден од најдобрите играчи на светот, благодарение на своето фудбалско знаење, но и одличната физичка подготвеност.
Повеќекратниот освојувач на Златната топка има 34 години, меѓутоа по формата и начинот на кои игра остава впечаток дека е многу помлад.
Во разговор за телевизијата ТВИ изјави дека можно е следното лето да ја заврши кариерата, но исто така би можел да игра уште најмалку шест години.
„Би можел кариерата да ја завршам следната година, но можам да играм и до свои 40. или 41. година. Не знам, секогаш кажувам дека треба да се ужива во секој момент.“ – изјави Роналдо и додаде:
„Сегашниот е одличен и треба да уживам во него. Мислам дека ниту еден играч нема толку рекорди како мене, веќе сум во фудбалската историја.“