Роналдо подготви тужба од 20 милиони евра против бившиот клуб

Кристијано Роналдо поднесе тужба против Јувентус поради долг.

Кристијано Роналдо замина во Саудиска Арабија и потпиша еден од најголемите договори во историјата на спортот. Првиот натпревар за Ал Наср го одигра против Лионел Меси и Пари Сен Жермен. По сето тоа се појавија нови информации, португалскиот ас подготви тужба против Јувентус.
Според информациите кои ги објавија италијанските медиуми, Роналдо од својот поранешен клуб бара речиси 20 милиони евра, поточно 19.548.333 евра. Ова е сумата што му беше ветена и беше договорено да се исплати, но тоа уште не се случило. Поради ова се состанал со неговите адвокати и му подготвил тужба на Јуве.

„Роналдо се подготвува да побара пари преку легални средства. За работите да бидат полоши за Јувентус, челниците на клубот имаат сослушување пред Арбитражниот суд за финансиски малверзации“, се вели во текстот на италијанска La Repubblica.
Како што стојат работите, Роналдо ја има целата потребна документација и се очекува без поголеми проблеми да го добие случајот на суд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.