Шпанскиот новинар Томас Ронсеро го искажа своето мислење дека Ерлинг Холанд ја заслужил Златната топка повеќе од Лионел Меси, а неговото видео го коментираше и Кристијано Роналдо.
„Се случи она што знаевме дека ќе се случи, тие му дадоа уште една Златна топка на Меси. Тој отиде да се пензионира во Мајами, иако веќе изгледаше како да се пензионираше во ПСЖ додека се подготвуваше за Мундијалот. Го освои Мундијалот, но со шест пенали… Мундијалот беше пред 10 месеци, сега е ноември“, рече тој во видеото што шпански AS го објави на Instagram.
Ронсеро додаде дека Меси има осум Златни топки, а би требало да има пет.
„Тој ја има Златната топка која Чави или Иниеста требаше да ја освојат, потоа Златната топка на Левандовски кој освои шест трофеи во една сезона и на крајот на Холанд кој беше најдобар стрелец во сезоната“, додаде тој.
Долгогодишниот ривал на Меси и петкратен добитник на Златната топка, Кристијано Роналдо, ја коментираше објавата на AS така што остави само четири емотикони за смеење.
Многумина тоа го протолкуваа како исмејување – заедно со шпанскиот новинар – на одлуката Меси да ја освои Златната топка за 2023.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.