Роналдо прогласен за најдобар фудбалер на Јунајтед за месец октомври

Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на Манчестер јунајтед за октомври, објавено е денес на официјалниот сајт на клубот.
Роналдо освои најмногу гласови од навивачите кои одлучуваа кој ќе го добие признанието.
Второто место во изборот на фановите на Јунајтед му припадна на голманот Давид де Хеа, додека трет е уште еден напаѓач, Маркус Рашфорд.
Триесет и шестгодишниот Роналдо одигра пет натпревари за Манчестер во октомври и постигна два гола со една асистенција.
Досега, на десет натпревари оваа сезона, Роналдо постигна седум гола и креира една асистенција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.