Фудбалската икона Роналдо реши да ја повлече кандидатурата за претседател на Фудбалската федерација на Бразил. Недостигот на поддршка од локалните фудбалски лидери, што му беше неопходно за да се спротивстави на актуелниот претседател Едналдо Родригес, е главниот фактор за неговото повлекување.
Изборите во федерацијата се предвидени да траат од март оваа до март следната година, кога истекува мандатот на Родригес. За да може да се кандидира, Роналдо требаше да добие поддршка од барем четири регионални федерации. Меѓутоа, федерациите одбија да го примат во нивните канцеларии, истакнувајќи задоволство со сегашното раководство и поддршка за повторен избор на Родригес. „Немав можност да го презентирам мојот план, да ги споделам идеите или да ги чујам нивните размислувања. Недостигаше простор за разговор. Стана јасно дека немам реална шанса за кандидатура“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
The post Роналдо се повлече од трката за претседател на ФС Бразил appeared first on 365.mk.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.