Роналдо спие во пижами од 2000 долари

Освојувачот на пет „Златни топки“ Кристијано Роналдо се појави на видео снимка со понежната половина Џорџина Родригес и своите деца. Целото семејство на голгетерот на Јувентус е во изолација во Португалија, но сепак споделуваат видео од дружбите.
Така тој постираше една снимка од утрински доручек, а на медиумите не им беше интересно тоа туку пижамата. Веднаш пребараа и открија дека свилената пижамата „Диор“ чини 2000 фунти! Плус маичка „Живанси“ со вредност од 430 фунти. Но тоа не е се, тука се и папучи од 350 фунти.
Тоа е живот во луксуз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.