Кристијано Роналдо и Георгина Родригез имаат договор кој би можел да биде искористен доколку нивната врска се распадне, пишуваат шпанските медиуми.
Имено, во случај на нивно раскинување, Георгина би требало да добие финансиска поддршка од Роналдо оставајќи ѝ имот во Мадрид, а би добивала и околу 100.000 евра месечно до крајот на животот.
Медиумите наведуваат дека оваа сума се заснова на тоа што Георгина се смета за легална мајка на нивните деца, а не само на нивните биолошки ќерки Алана (6) и Бела (1).
За потсетување, фудбалерот го има 13-годишниот син Кристијано Џуниор, а се уште не го открил идентитетот на биолошката мајка. Покрај тоа, тие ги имаат и близнаците Матео и Ева (6), кои ги родила сурогат мајка.
Двојката е заедно од 2016 година, но никогаш не се венчале. Сепак, тие беа изземени од законите на Саудиска Арабија со кои се спречуваат невенчаните парови да живеат заедно во Саудиска Арабија во јануари оваа година, кога Роналдо потпиша за фудбалскиот клуб Ал-Наср.
Иако неодамна се шпекулираше за нивно раскинување поради тоа што Георгина потрошила големи суми од парите на Роналдо, неговата мајка Долорес јавно изјави дека овие гласини се лажни и дека ништо не се променило во врската помеѓу нејзиниот син и Георгина Родригез.