РОСОКЛИЈА: КУЧИЊА И ЛУЃЕ

На тие што се цивилизирани и што функционираат врз возвишени стандарди на морал и етика, жал им е за детето кое е убиено, жал им е за кучето (Зошто? Можеби кучето го измачува совеста?), жал им е за родителите на детето, жал им е за сопственикот на кучето и целата оваа жалост ја искажуваат во еден здив на едно исто ниво на жалење, често во една реченица.

АКАДЕМИК РОСОКЛИЈА ВТОР ПАТ СО СВОЈ ФЕЈСБУК СТАТУС СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА КУЧЕТО ШТО ГО УБИ 8 ГОДИШНОТО ДЕТЕ МИНАТАТА НЕДЕЛА. СМЕТАМЕ ДЕКА ОВОЈ СТАТУС ТРЕБА ДА СЕ ПРЕНЕСЕ ДО ЦЕЛАТА НАША ЧИТАТЕЛСКА ПУБЛИКА.
РОСОКЛИЈА: КУЧИЊА И ЛУЃЕ

Одвратно.

Цивилизациски дострел кој поминал покрај мене без да ме допре и оплемени.

Луѓето што убиваат луѓе, ги ставаат во затвор или на електрична столица за од нив да се заштити општеството затоа што најчесто го повторуваат делото.

Животно кое убило дете, секогаш ќе убива во слични околности, а обврска на општеството е да ги заштити децата и луѓето (сопственикот на кучето не го направил тоа).

Алтернативно, експертите за психологија на животни, чија емпатија за животните е трогателна, би можеле да го подвргнат кучето на психотераписка постапка за да му ги сменат инстинктите создавани низ милиони години еволуција.

Вината е кај сопственикот на кучето и само кај него.

Сопственикот има обврска да ги заштити луѓето од кучето во населено место.

Дете или возрасен влегол во нечии двор? И? Казната е да биде распарчан од куче?

Може ли нормален човек така да размислува?

Законски, сопственикот мора да одговара, а куче кое убило човек мора да биде еутаназирано.

Секое животно кое убило човек бива еутаназирано, дали е тоа морско куче или куче, постапката е иста.

Колку деца треба да убие тоа куче кое во слична ситуација секогаш исто ќе се однесува.

Јас и сакам и чувам кучиња и подарувам кучиња, цел живот, но кога е убиено дете, да дискутирам за односот на луѓето кон кучињата е дегутантно до одвратност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.