Професорот Горазд Росоклија на својот Фејсбук профил го реобјави статусот напишан во 2015 година по премиерата на „Љубовници“ во која една од улогите ја играше и Беличанец со што и оддаде почит на актерката Билјана Беличанец која доцна синоќа беше пронајдена мртва.
„ВЧЕРАШНАТА ПРЕМИЕРА НА
,,ЉУБОВНИЦИ” – Катерина Коцевска
Претставата се гледа, се слуша и се доживува во еден здив.
Од кревањето на завесата и појавата на софистицирано убавата и раскошно талентирана Билјана Беличанец Алексиќ, до моментот на спуштање на завесата, последната љубовна прегратка и размислувањето кое е во вас, што сега кога сум (или не сум) заљубен, кога знам кој сум, каде од тука?Карактерите на личностите се обмислени на ниво на карактерите кај Шекспир и Достоевски. Комплексни, логични.