Во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“, денеска во организација на Ротаракт Клуб Скопје, а со поддршка од Општина Кисела Вода беа засадени 100 шестгодишни дрва.
Во активностите за садење дрва, вклучени беа повеќе членови на клубот, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и дел од општинските работници.
Празната површина, лоцирана покрај трим патеката и железничките пруги, благодарение на донацијата од Ротаракт Клуб Скопје збогатена е со три видови дрва: платани, јавори и јасени.
Општината и во иднина ќе продолжи да соработува и да ги поддржува сите општествено одговорни правни субјекти, компании и невладини организации, кои водат грижа за животната средина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.