Ројс го честеше пиво целиот стадион




Марко Ројс, омилениот фудбалер на навивачите на Борусија Дортмунд, на својот проштален натпревар во Бундеслигата во саботата ги почести сите гледачи со пиво.

„Планирав сè однапред и сѐ испадна совршено, неизмерно сум благодарен за сета љубов што ми ја покажаа навивачите“, изјави Ројс откако на стадионот на Борусија забавуваше и честеше повеќе од 80.000 луѓе.

A за сѐ да биде како во приказната на теренот се погрижи самиот Ројс, кој постигна гол и имаше една асистенција во победата на Борусија Дортмунд над Дармштад од 4:0.

По натпреварот, клубот на Instagram објави фотографија со пораката на Ројс до навивачите на која пишува: „Ви благодарам за сѐ, пиво за збогум на моја сметка“. Висината на сметката за честењето не е објавена.

Триесет ичетиргодишниот Ројс летово ја напушта Борусија Дортмунд по 12 години минати во клубот, но нема веднаш да ги закачи копачките, бидејќи кариерата ќе ја продолжи во клуб чие име сѐ уште не е објавено. За Борусија одигра 428 натпревари и постигна 170 голови.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: