Македонскиот полициски инспектор кој беше фатен во Косово поради шверц на фалсификувани евро монети, станал инспектор во МВР без безбедносен сертификат, пренесува Радио Слободна Европа. Тој наводно не ги поминал основните безбедносни проверки на АНБ.
МВР веќе отворила предмет на истрага за неговото вработување.
„Во тек се проверки по наводи во поднесено барање и други наводи од надлежност на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР за РСЕ.
Оттаму останале неодговорени прашањата како и кога бил вработен без сертификат и кој го одобрил неговото вработување и унапредување во инспектор без да ги помине безбедносните проверки на Агенцијата за национална безбедност.