Рубио го потврди де факто распуштањето на УСАИД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.

Како што пренесува Ројтерс, на вработените во УСАИД им било соопштено на 28 март дека сите позиции кои не се пропишани со закон ќе бидат укинати, по што Стејт департментот го известил Конгресот за прекинување на функциите на USAID кои не се во согласност со приоритетите на администрацијата на Трамп.

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја објави оваа намера и истакна дека USAID „одамна се оттргнала од својата оригинална мисија“, додавајќи дека „резултатите се премалку, а трошоците се превисоки“.

-Благодарение на претседателот Трамп, оваа погрешно раководена и фискално неодговорна организација е завршено. Пренасочуваме нашите програми за помош во странство така што ќе ги усогласиме со она што е најдобро за САД и нашите граѓани – изјави Рубио.

Според соопштението, Стејт департментот и УСАИД го известиле Конгресот за намерата да започнат реорганизација која ќе вклучува повторно усогласување на одредени функции на УСАИД  со Стејт департментот до 1 јули и укинување на преостанатите функции на УСАИД кои не се во согласност со приоритетите на администрацијата.

Откако Трамп го започна својот втор мандат на 20 јануари, Одделот за владината ефикасност (DOGE), кој го води милијардерот Илон Маск, започна акција за намалување на УСАИД и спојување на преостанатите делови со Стејт департментот. Администрацијата досега отпушти стотици луѓе и укина услуги вредни милијарди долари на кои зависеле десетици милиони луѓе ширум светот.

Рубио претходно овој месец изјави дека повеќе од 80% од сите програми на УСАИД биле откажани.

Како што пренесува Ројтерс, на вработените во УСАИД им било соопштено на 28 март дека сите позиции кои не се пропишани со закон ќе бидат укинати, по што Стејт департментот го известил Конгресот дека ќе ги прекине функциите на УСАИД кои не се во согласност со приоритетите на администрацијата на Трамп.

Ова ќе значи дека скоро сите преостанати вработени во УСАИД ќе го изгубат работното место во јули и септември, како што се наведува во интерниот меморандум што го испратил Џереми Левин, член на DOGE.

Пронајдете не на следниве мрежи: