Рударите ќе се пензионираат на 50 години

На денешната седница Владата го усвои предлог-законот за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Старосната граница за пензионирање на рударите од досегашните 58 од наредната година се намалува на 50 години. Промовирајќи ја оваа новина министерката Мила Царовска изјави дека очекуваат од следната година со оваа мерка во пензија да заминат повеќе од 100 рудари. Измените набрзо ќе бидат доставени на гласање во Собранието, а ќе почнат да се применуваат од почетокот на 2019 година.Со овие законски измени се излегува во пресрет на долгогодишните барања на рударите и се исправа една голема неправда, изјави Царовска.
Покрај економските проблеми рударите редовно се жалат и на небезбедните услови за работа и недостиг на инспекциски надзор. Освен подобрувањето на работничките права надлежните најавија дека наскоро ќе бидат донесени и измени во Законот за минерални суровини, кои се заглавени во Собранието од минатата година.
Истовремено ќе се работи и на подобрување на условите за рударите, на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните кои живеат во места каде има рудници, изјави министерот за економија-Крешник Бектеши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.