Рудникот „Саса“ ќе мора да плати казна за истекувањето на јаловината во Каменичка река.

Рудникот „Саса“ ќе мора да плати казна за истекувањето на јаловината во Каменичка река. Колкава ќе биде казната ќе одлучи Комисијата за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање која ќе донесе конечна одлука, но бидејќи станува збор за казна од трета категорија, тоа значи дека рудникот ќе мора да плати сума од 100.000 евра или како што предвидува законот, половина од тоа ако рудникот веднаш ги уплати парите.

Според инспекцискиот извештај, јаловишниот материјал од рудникот „Саса“ во Каменичка река истекувал од вчера рано утрото, околу час и половина пред да биде забележан. Според проценките се работи за околу 3.000 кубни метри јаловишен песок од четвртото хидројаловиште, а причината за хаваријата била контактна филтрација во десниот бок.

Вчера од општина Македонска Каменица најавија дека со менаџментот на рудникот веќе е постигнат договор за чистење на Каменичка река, од наталожената јаловина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.