Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, по завршувањето на сезоната ќе ги започне преговорите за потпишување на нов, повеќегодишен договор со ’црвените ѓаволи’.
Руни и покрај огромниот интерес кој за неговите услуги го покажува Пари Сен Жермен, сака до крајот на кариерата да остане во Манчестер Јунајтед. Актуелниот договор на напаѓачот со Манчестер Јунајтед истекува во јуни 2015 година, според истиот Руни има неделна плата од 250.000 евра. Англискиот репрезентативец, оваа сезона, на 23 натпревари во Премиер лигата има постигнато 12 погодоци.
Макфакс
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, по завршувањето на сезоната ќе ги започне прегово