Рускиот генерал-полковник Игор Кирилов, шеф на Војската за заштита од нуклеарни, биолошки и хемиски закани, е убиен пред станбена зграда во Москва, заедно со неговиот помошник, потврди Истражниот комитет на Русија. Според соопштението, нападот бил извршен со експлозивна направа скриена во скутер, кој бил активиран од далечина. Сега пристигнаа првите реакции од Русија.Украина ја презеде одговорноста за атентатот а извор од Украинската служба за безбедност потврди дека операцијата ја извршила украинска страна. Ова тврдење предизвика бурни реакции во Москва, каде што Рускиот истражен комитет го окарактеризира убиството на Кирилов како „терористички чин“ , повикувајќи се на обвинувања за „ убиство, нелегална трговија со оружје и муниција“.Остри пораки од РусијаПо веста за убиството на Кирилов, Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, најави „итна одмазда“ на украинското раководство.„Сфаќајќи ја неизбежноста на воениот пораз, тие прибегнуваат кон кукавички и предавнички напади врз мирните градови“, рече Медведев.Покрај обвинувањата против Украина, руските власти го обвинија и Западот, особено Велика Британија и САД, за атентатот. Андреј Картаполов, претседател на Комитетот за одбрана на Државната дума, рече дека „тие ќе ги најдат и казнат сите одговорни за организацијата и извршувањето на ова злосторство, без разлика кои се и каде се“.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на Телеграм изјави дека Кирилов „со години систематски ги разоткрива злосторствата на англосаксонците“. Нејзината позиција беше поддржана од Андреј Гуруљов , пратеник на Државната дума и пензиониран генерал, кој го опиша Кирилов како личност која „ги следела и изложувала криминални активности на САД и нејзините сателити, вклучително и криминални биолаборатории и ширење на хемиски и биолошки оружје“.Руски барања за „одмазда против англосаксонците“Гуруљов повика на „жестока одмазда“, која, според него, ќе вклучува „удари врз англосаксонските службеници“. Неговите изјави доаѓаат во време кога односите меѓу Русија и Западот се дополнително затегнати, а Москва се повеќе го користи наративот „западен заговор“ за да ги оправда своите воени и политички потези.Да потсетиме дека во октомври оваа година, Обединетото Кралство го санкционираше Кирилов, опишувајќи го како „значаен портпарол на кампањата за дезинформации на Кремљ” и личност која „шири лаги за да го прикрие срамното и опасно однесување на Русија”. Само еден ден пред неговата смрт, Киев поднесе обвинение против Кирилов , обвинувајќи го дека ја надгледувал употребата на хемиско оружје во Украина.Убиството на генералот Кирилов дополнително ги поттикна тензиите меѓу Русија, Украина и Западот, а најавите за одмазда од Москва навестуваат можна ескалација на конфликтот.
Пронајдете не на следниве мрежи: