Руската морнарица за првпат и’ покажа на јавноста како изгледа хиперсонична ракета „Циркон“, која беше лансирана од ракетна фрегата, во видеото од воената вежба одржана во источниот Медитеран на брегот на Сирија.Самото видео за првпат го откри изгледот на хиперсоничната ракета „Циркон“, која имаше поинаков изглед на цртежите и илустрациите кои беа објавени на социјалните мрежи и веб-страниците.Инаку, хиперсоничната ракета „Циркон“ првпат била употребена во борбени дејствија во војната во Украина, но Украинците тврделе дека ги собориле, но никогаш не дале конкретни докази за тоа.
Ru MoD released a somewhat better Zircon launch footage. pic.twitter.com/bxHa6DsFG7— krakek (@krakek1) December 3, 2024
Светската јавност за „Циркон“ за првпат слушна во 2018 година, кога рускиот претседател Владимир Путин обелодени постоење на нови видови оружје.Руската морнарица и воздухопловните сили извршија вежби во Средоземното Море, лансирајќи серија ракети со прецизно наведување, соопшти Министерството за одбрана.За време на вежбите, екипажите на фрегатите „Адмирал Горшков“ и „Адмирал Головко“ од проектот 22350 успешно истрелаа хиперсонични ракети „Циркон“. Снимката од фрегатата Горшков покажува едно од овие лансирања. Во воената вежба учествуваше и ракетната фрегата „Адмирал Григорович Проект 11356Р“.За хиперсонична ракета 3M22 Zircon3M22 Zircon е првата руска противбродска хиперсонична крстосувачка ракета со брзина од 9 маха и дострел од 1.500 километри. Циркон за првпат беше тестирана во 2020 година, а беа направени и низа тестови во периодот од 2020-2022 година.Во тоа време, Путин го опиша Циркон како „моќно оружје“ способно да навлезе во која било постоечка противракетна одбрана летајќи девет пати побрзо од брзината на звукот на растојание од повеќе од 1.000 километри.Како што беше првично замислено, Циркон требаше да биде лансиран од руски бродови, но уште тогаш се зборуваше за лансирање на оваа ракета од фрлачот на крајбрежни ракетни системи како што е К-300 Бастион.Тактички технички податоциMark 3M22 “Циркон”Тип: Противбродски проектилДимензии: должина 9 m, дијаметар 60 cmБоева глава: 400 кгМаксимален домет: 1.500 kmМаксимална брзина: 9 мах (11.000 км/ч)Платформи за лансирање: ракетна фрегата, нуклеарна напад подморница од класата Јасен и противбродски крајбрежен фрлач Бастион К-300.