Русите нападнаа два украински града, има и жртви

Руската армија го нападна украинскиот град Запорожје во текот на ноќта, при што беа повредени четири лица, меѓу кои и едно 12-годишно момче, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров.  Деветкатница во градот беше оштетена во нападот, рече Федоров.Во нападот се повредени три жени и едно 12-годишно момче. Федоров не откри детали за нивната состојба.Руските сили синоќа со беспилотни летала гаѓаа и станбена зграда во Харков на североистокот на земјата, при што беше повредено и 12-годишно дете.Украинската војска гради големи блокади во близина на Запорожје како подготовка за потенцијална руска офанзива во регионот.

Пронајдете не на следниве мрежи: