Одлуката на Франција да испрати ракети со долг дострел во Украина е погрешна и полна со последици за украинската страна, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој додаде дека останува да се види колкав е опсегот, пренесува РИА Новости.
– Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, полна со последици за украинската страна, бидејќи таа, се разбира, ќе не принуди да преземеме контрамерки – изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Песков рече дека одлуката на Париз нема да влијае на текот на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува војната во Украина.
- Уште еднаш го повторуваме принципиелниот пристап кон ваквите одлуки: овие одлуки не можат да влијаат на текот на настаните во рамките на специјалната воена операција. Тие можат само да ја отежнат судбината на режимот во Киев – додаде Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во Вилнус изјави дека Париз ќе и обезбеди на Украина ракети со долг дострел, без да прецизира кои проектили.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.