Русите по грешка нападнаа свое село! (ВИДЕО)

Русија објави дека денеска случајно бомбардирала село во нејзиниот јужен регион Воронеж во близина на Украина, пренесе АФП.

Инцидентот се случи истиот ден кога Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина.

„За време на летот на воздушните сили, над селото Петропавловка во регионот Воронеж, дошло до погрешно истрелување ракети. Нема жртви“, се вели во соопштението на руската војска објавено од руските новински агенции, а пренесе „Гардијан“.

Министерството соопшти дека во несреќата биле оштетени шест приватни куќи.

„Истрагата за околностите на настанот е во тек. Комисија работи на терен за проценка на природата на штетата и давање помош при обнова на куќите“, се вели во соопштението.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од погоденото подрачје каде што е очигледно дека има повеќе разурнувања.

Гувернерот на областа Воронеж, Александар Гусев, изјави дека некои од жителите на Петропавловка, на околу 150 километри источно од украинската граница, се преместени во привремено сместување.

Утврди и дека нема жртви, но откри дека „евидентирано е уништување во седум домаќинства“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.