РУСИТЕ САКААТ ДА СЕ ОДМАЗДАТ, СОСТОЈБАТА НА ФРОНТОТ ЕСКАЛИРА – Украинскиот генерал Олександр Сириски со драматичен извештај

Командантот на украинските копнени сили, генералот Олександр Сирски изјави дека ситуацијата во североисточниот дел на фронтот значително ескалирала.

Тој истакна дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната на релација Купјанск–Лиман.

Олександр Сирски смета дека руската Армија всушност сака „одмазда“ со повторно заземање на територијата што некогаш била под нивна контрола.

Украинскиот генерал разговарал со војниците за моменталната ситуација на линијата на фронтот, пишува весникот The Guardian.

На почетокот на август Русија го нападна Купјанск, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри. Гранати паднаа врз градот, принудувајќи ги локалните власти да започнат со евакуација на цивилите.

Да потсетиме, минатата недела Украинците известија за жесток руски напад врз Авдеевка, град северно од Доњецк.

Иако руските воени блогери пишуваа за голем пробив на руските сили, овие тврдења се чини дека не се точни. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од уништена руска воена опрема, која наводно е пронајдена во областа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.