Премиерот Еди Рама рече дека руските граѓани кои бегаат од мобилизациите се добредојдени во Албанија.
– Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да се борат, добре дојдовте во нашата земја – рече Рама.
Тој денеска во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН го искажа овој став, додавајќи дека „во некои делови на окупираната територија на Украина под закана со оружје се одржува референдум за фарса“.
- Тешко е да се замисли дека некој овде може тивко да го прифати ова срамно непочитување на законите, правилата, нормите, практиките кои ги регулираат односите меѓу државите во 21 век. Овие акции се против меѓународното право и многу повеќе. Тие не само што не ја отсликуваат слободната волја на народот на Украина, туку нудат мизерен спектакл на исклучување од сè што не се спојува под чадорот на Обединетите нации – додаде Рама.
Тој истакна дека неговата земја ги осудува овие „измислени акции во Москва“ и дека неговата земја не признава ниту една од овие незаконитости.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.