Русите соборија 79 украински дронови во текот на ноќта: Украинците веќе немаат сила, полека ја губат контролата

Војна во Украина, ден 1354.

Неуспешен обид на Украинците да ги вратат изгубените територии во Сумиската област

Украинската армија губи голем број беспилотни летала и артилерија во обид да ја врати контролата врз териториите во Сумската област, изјавија за „Спутник“ руските безбедносни сили.

– Во Сумската област, командата на украинската армија се обидува да ги искористи сите средства што ѝ се на располагање за да ги врати под контрола изгубените територии. Покрај голем број беспилотни летала, тие користат и разни артилериски алатки – рече соговорникот на агенцијата.

79 украински дронови соборени во над 10 региони на Русија

Руското Министерство за одбрана објави дека 79 украински беспилотни летала биле соборени во текот на ноќта во над 10 руски региони.

Најмногу дронови беа соборени над Ростовската област – 36 и над Брјанск – 10.
The post Русите соборија 79 украински дронови во текот на ноќта: Украинците веќе немаат сила, полека ја губат контролата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: