Русите тврдат дека ноќеска со КИНЖАЛИ уништиле американски ПАТРИОТ систем

Ракетниот комплекс „Патриот“ во Киев е уништен од хиперсоничниот ракетен комплекс „Кинжал“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Противвоздушниот ракетен систем „Патриот“ од американско производство беше погоден од прецизен напад од хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“ во Киев“, соопшти Министерството.

Русите тврдат дека ноќеска со КИНЖАЛИ уништиле американски ПАТРИОТ систем

Дописникот на британскиот весник Гардијан наведува дека се чини дека синоќешниот напад на Киев бил обид да се уништи американскиот напреден систем Патриот, кој Вашингтон го испрати во Украина, а кој земјата првенствено го користи за да го одбрани Киев од руски воздушни напади.

Веднаш по нападот, руските воени новинари шпекулираа дека американскиот систем за воздушна одбрана е уништен. Тие укажуваат на фактот дека на видеото од операцијата на ПВО јасно се гледа дека по исцрпувањето на ракетите доаѓа до експлозија и дека после тоа од тоа место се крева чад. Руското Министерство за одбрана тврди дека Патриотот е уништен. Сепак, Киев сè уште не даде официјално соопштение за ова прашање.

Дописникот на Гардијан потсетува дека владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски добила најмалку два системи Патриот, од Берлин и Вашингтон. Станува збор за системи кои значително ја зајакнаа украинската противвоздушна одбрана пред долгоочекуваната украинска контраофанзива и му овозможија на Киев да собори уште помодерни руски ракети од типот Кинжал.

Патриотите беа во Украина пред неколку недели, а американски официјален претставник неодамна изјави за Си-Ен-Ен дека руските сили се обидуваат да ги уништат тие напредни американски системи за ракетна одбрана.

Украинското воздухопловство и воздушната одбрана ги пресретнале сите 18 проектили лансирани од руските сили во текот на ноќта, вклучително и хиперсонични кинжали, објави на својот канал Телеграм врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.