Русија во петокот оцени дека зајакнувањето на воените активности во близина на границите на Северна Кореја влегуваат во „маѓепсаниот круг” кој може да излезе од контрола, отворено критикувајќи ги летовите на американските „невидливи” бомбардери кои можат да носат нуклеарно стратешко вооружување во невралгичниот Корејски полуостров, на што Пјонгјанг одговори со ставање во готовност на своите ракетни системи.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров им порача истовремено и на властите во Северна Кореја да се смират „повикувајќи ги двете страни да не се расфрлаат со мускулите”.
„Загрижени сме од тоа што покрај соодветната, колективна реакција на Советот за безбедност при Обединетите нации се презема и еднострана воена акција околу Северна Кореја. Ситуацијата едноставно би можел да излезе од контрола”, изјави Сергеј Лавров на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Леонид Кожар, пренесе РИА Новости.
Москва ги поддржа најновите санкции на Советот за безбедност при ОН за Северна Кореја по февруарското, трето по ред, нуклеарно тестирање, меѓутоа е остра кон преземањето акции надвор од одредбите на светската организација.
Два американски „невидливи” нуклеарни бомбардери од типот B-2 коишто долетале од воздухопловната база Вајтмен во американската сојузна држава Мисури изведоа во четвртокот воена вежба над Јужна Кореја. Ток лет во рамките на големите заеднички воени маневри кои секоја година ги одржуваат американските и јужнокорејските сили, според соопштението на армијата на САД, ја покажало „способноста на САД брзо и без ограничувања да изведат далекустрелни прецизни удари”.
Авионите B-2 можат да прелетаат 11 илјади километри без полнење гориво, а наменети се за специјални задачи за стратешко бомбардирање од височини од 15 илјади метри зад непријателските линии. Носивоста изнесува 18 тони конвенционално или нуклеарно вооружување, вклучувајќи и противбункерски бомби.
Северна Кореја од почетокот на март и наметнувањето на новите санкции против неа од страна на Советот за безбедност при Обединетите нации поради третата нуклеарна проба, им се заканува на Јужна Кореја и на САД со „стратешки удари и тотална војна” како превентивна мерка „поради очигледната намера на Вашингтон да започне војна”. Северна Кореја во средата објави дека нејзината армија ка прекинала итната ткн „црвена” телефонска врска со јужнокорејската армија за решавање на пограничните инциденти, неколку дена откако претходно ги прекина и „црвениот телефон” меѓу двете влади и повторно им се закани на Сеул и Вашингтон со нуклеарен напад.
„Во ситуацијата во којашто војната може да избие во секој момент, нема повеќе потреба а се одржува воена комуникација”, меѓу северот и југот, изјави во четвртокот неименуван висок севернокорејски воен функционер за агенцијата KCNA и најави дека телефонската линија ќе биде во прекин „сѐ додека траат непријателските активности на Јужна Кореја”.
Кон средината на март Северна Кореја ја прекина „црвената линија” меѓу Пјонгјанг и Сеул, којашто беше воспоставена во 1971 година за итно решавање на пограничните инциденти. Од тогаш, Пјонгјанг вкупно пет пати ја прекинуваше оваа директна телефонска врска, последниот пат во 2010 година.
Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел, пред две седмици соопшти дека Пентагон додал 14 противракетни пресретнувачи во базата Форт Грили на Аласка, со што всушност се поништува претходната одлука на претседателот Барак Обама, како и дека почнува и поставувањето на вториот антирактен радар во Јапонија.
Пентагон ја остави отворена можноста за создавање локација на американскиот Источен брег, на којашто би можело да се постават уште пресретнувачи со коишто би можело да се урне доаѓачка ракета. Дополнителните 14 пресретнувачи ќе чинат речиси милијарда долари, и таа одлука мора да ја донесе американскиот Конгрес. САД на јужнокорејската територија има стационирано околу 25 илјади војници.
Северна Кореја на почетокот од март објави дека еднострано се откажува од сите договори за ненапаѓање, кои се важечки во моментов меѓу Пјонгјанг и Сеул, како и за прекинување на директната телефонска комуникација меѓу двете земји, според соодветното соопштение на Комитетот за мирно обединување на татковината. Комитетот за мирно обединување на татковината, инаку, ја има улога на државен орган на Северна Кореја за односи со Јужна Кореја.
Северна Кореја, исто така според соопштението, ја смета за „одамна невалидна” заедничката декларација со Сеул за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Покрај тоа, Пјонгјанг извести и за прекин на единствената директна телефонска линија меѓу воените претставници на двете корејски држави во локацијата за преговори во Панмунџом, која се наоѓа во демилитаризираната зона меѓу двете земји.
Неколку дена претходно, Северна Кореја, исто така, ја прекина валидноста на Договорот за примирје, кој беше потпишан кон крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, со САД кои тогаш учествуваа во конфликтот под знамето на Обединетите нации.
Русија во петокот оцени дека зајакнувањето на воените активности во близина на границите на Северна Кореја влегуваат в