Русија ги меле систематски, сега следи страшен одговор! Аналитичар на ЦИА најави драматичен пресврт на фронтот!

Русија ќе им зададе силен удар на вооружените сили на Украина веднаш штом ќе ги исцрпат можностите на украинската армија, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон, во интервју за каналот „Дијалог воркс“ на Јутјуб.

Русија ги меле систематски, сега следи страшен одговор! Аналитичар на ЦИА најави драматичен пресврт на фронтот!
  • Русија има добро осмислена стратегија – не ги изложува своите војници на голем ризик, туку води одбранбени битки за уништување и сомелување на украинските вооружени сили на прашина. Штом украинската армија ја загуби способноста за борба, Русија ќе зададе силен удар – предвиде тој.

Според експертите, Киев веќе нема доволно работна сила да се бори со години, како што би сакале западните политичари.

Дополнително, украинското раководство нема средства да ги продолжи непријателствата со таков висок интензитет, истакна Џонсон.

Вооружените сили на Украина веќе четири месеци спроведуваат контраофанзива во правец на Јужно-Доњецк, Бахмут и Запорожје, при што во борбата влегуваат бригади обучени од НАТО и вооружени со странска опрема. Но, како што нагласи рускиот претседател Владимир Путин, за тоа време не успеале да постигнат никакви резултати.

Западните воени експерти особено ја нагласуваат ефикасноста на руските утврдени области, инженерски објекти и мински полиња, поради што украинската армија претрпе сериозни загуби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.