Русија го зголеми притисокот врз Украина: Нападнати пристаништа, складишта за гориво и бродови – Нападите ќе се зголемат, а Москва го обвинува Зеленски за тоа

Во соопштението се споменува и напад врз брод за сув товар во Црното Море, јужно од Одеса, кој превезува воена опрема. Руското Министерство за одбрана предупреди дека ќе ги интензивира нападите врз воено-индустриски цели во Украина, како одговор на најавите на властите во Киев.

Руските воени сили нападнаа украински енергетски објекти и пристаништа, соопшти денес руското Министерство за одбрана. Како што е наведено, нападнати се неколку цели во Одесскиот регион , пренесува РИА Новости.

– Беше нападнато пристаништето во селото Вилково, кое се занимава со пренос на товар за украинските вооружени сили, потоа магацини за гориво и брод во Чорноморск, наменет за снабдување на украинската армија, како и брод со сув товар што транспортира воена опрема, кој се наоѓа во Црното Море јужно од Одеса, се вели во соопштението.

Руското Министерство за одбрана во неделата предупреди дека руските сили ќе ги интензивираат нападите врз објектите на украинскиот воено-индустриски комплекс како одговор на заканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за интензивирање на нападите врз рафинериите за нафта.

Министерството оцени дека „шефот на киевскиот режим, кој ја издал наредбата за напади врз цивилни цели, е оној кој ја носи целосната лична и политичка одговорност за одговорот на руските вооружени сили“.
The post Русија го зголеми притисокот врз Украина: Нападнати пристаништа, складишта за гориво и бродови – Нападите ќе се зголемат, а Москва го обвинува Зеленски за тоа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: