Русија го прекина скоро целосно железничкиот сообраќај со Кина поради КОРОНА вирусот

Русија денеска донесе одлука за прекин на железничкиот сообраќај со Кина, освен возот на релација Москва – Пекинг, за да го спречи ширењето на новиот корона вирус, изјави за медиумите руската вицепремиерка Татјана Голикова.
– Од полноќ го прекинуваме железничкиот сообраќај со Кина. Единствено ќе сообраќаат возовите на релација Москва – Пекинг и обратно. Голикова извести и дека Русија до петок ќе донесе одлука за воздушниот сообраќај со Кина. 

Пронајдете не на следниве мрежи: