Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов е додаден на списокот на терористи и екстремисти во Русија, објави Федералната служба за финансиски надзор „Росфинмониторинг“.
Главниот уредник на „Нова Газета Европа“ Кирил Мартинов беше додаден на списокот на терористи и екстремисти.
Касјанов (68) беше министер за финансии од 1999 до 2000 година и премиер од 2000 до 2004 година. Тој поднесе оставка поради низа корупциски скандали.
Тој ја напушти Русија кратко време по почетокот на агресијата врз Украина и се приклучи на Рускиот антивоен комитет.
Во октомври, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) започна истрага против Михаил Ходорковски, милијардер означен како странски агент во Русија, како и неговите соучесници во Антивоениот комитет, под обвинение за заговор за државен удар и учество во терористичка група. Касјанов беше споменат во документи поврзани со овој случај.
The post Русија го прогласи својот поранешен премиер за терорист, додаден е на листата appeared first on Во Центар.



