- НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен инвестициски циклусВлегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на… Read more: НИКОЛОСКИ ВО БУДИМПЕШТА: Македонија влегува во силен инвестициски циклус
- Истрагата за обидот за атентат на Трамп: Агентите премногу опуштени, протоколот прекршенДиректорот на службата, Роналд Роу, денеска им изјави на новинарите… Read more: Истрагата за обидот за атентат на Трамп: Агентите премногу опуштени, протоколот прекршен
- МНР ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА – Новиот извештај јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженијаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија изрази задоволство од… Read more: МНР ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА – Новиот извештај јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженија
- Денеска се празнува Рождество на Пресвета БогородицаРождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е… Read more: Денеска се празнува Рождество на Пресвета Богородица
- НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Бог да го прости Миле Поп Јорданов, за народ загина, за Македонија – предаден се самоуби со последниот куршумСпоред една верзија на 21 септември 1902 година (според некои… Read more: НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Бог да го прости Миле Поп Јорданов, за народ загина, за Македонија – предаден се самоуби со последниот куршум
Криминалниот режим на владата на Албин Курти премина на активно етничко чистење на Србите, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги антисрпските чекори на косовските власти.
„Криминалниот режим на премиерот Курти дефинитивно премина на активно антисрпско етничко чистење – прогон на Србите од нивните оригинални територии. На овој начин Приштина се обидува да избегне исполнување на своите обврски, пред сè, формирање на заедница на српски општини“, изјави Захарова.
Според неа, позицијата на Србите на Косово од ден на ден се влошува, а кршењето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН стана „темна рутина“. Нивото на меѓуетнички тензии драстично се зголемува.
Се вршат и незаконски претреси, се одземаат документи и пари, се приведуваат вработени, се измислуваат кривични предмети, изјави Захарова.
Западот, охрабрувајќи го Курти, се обидува да го казни Белград за неговата решеност да го брани националниот суверенитет и правото да води независна политика, како и за неговата решителност да ги зачува пријателските односи со Русија и другите земји кои се надвор од евроатлантската орбита, заклучи портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.