Русија е бесна на Унгарија: Жестока реакција стигна од Москва, одговорот беше најавен – „Ќе биде остро и болно!“

Руското Министерство за надворешни работи денес објави дека ќе возврати на Унгарија за одлуката на Будимпешта да протера 10 руски дипломати, пренесува државната агенција РИА Новости.

Москва ќе испрати „остар и болен“ одговор до Унгарија за нејзината одлука да протера руски дипломати, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Одговорот на русофобичното лоби во Будимпешта ќе биде суров и болен, изјави Захарова за ТАСС.

Потсетуваме дека Унгарија ќе протера 10 руски дипломати обвинети од владата за шпионажа , објави денес унгарската министерка за надворешни работи Анита Орбан, наведувајќи дека тие дипломати ги прекршиле правилата на Женевската конвенција што ги регулира дипломатските активности.
The post Русија е бесна на Унгарија: Жестока реакција стигна од Москва, одговорот беше најавен – „Ќе биде остро и болно!“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: